Продолжува надградбата на објектот на Министерството за транспорт и врски, а деновиве се започна и со монтажа на металната конструкција за дополнителните два ката. Покрај надградбата во висина, седиштето на ова министерство ќе добие и нова „барокна“ фасада, нов главен влез и два лифта. Изведувач на проектот е градежната компанија „Бетон Скопје“, а за надзорот е задолжен „Евро Консалтинг“.