Претходна статија
Град Скопје ќе го гради булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ до скопската обиколница
Следна статија
Владата и опозицијата се скараа за евтините летови од аеродромите

Енергетско ефикасни фасади ќе добијат средните училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“

Објавено на 14.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Град Скопје ја избра фирмата „Филип Прима Инженеринг“ за изведувач на енергетско ефикасни фасади со визуелизација на средните училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“. За да се освежи постојниот надворешен лик на училишните објекти и за да се спроведат мерките за енергетска ефикасност се издвоија 47,1 милиони денари од градскиот буџет. Изведбата на градежните работи ќе се одвива во наредните 2 месеци, врз основа на изработените основни проекти на фирмата „Сеизмик Дизајн“ од Скопје.

 

 

Препознатливата стаклена фасада на СУГС „Марија Кири Склодовска“, изработена од полскиот архитект Јан Зданович, ќе се замени со нова енергетскo ефикасна структурално стаклена фасада. Објектот на СУГС „Цветан Димов“ ќе добие фасаден систем со алуминиумски композитни панели, поставени на алуминиумска подконструкција и изолација од камена волна.