Претходна статија
Консултациите за ТЕ „Осломеј“ ќе чинат над 1,7 милиони евра
Следна статија
Комплетирана е првата фаза од реконструкцијата на патот Велес - Кадрифаково

Енергетската ефикасност го менува начинот на градење на становите

Објавено на 26.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Барањата за исполнување на мерките за заштеда на енергија во новоизградените објекти значително го менуваат начинот на градење од страна на македонските градежни компании. За да се оствари Националната стратегија за заштеда на енергија во финалната потрошувачка од 9% во 2018 година, неопходно е користење на иновативни и поквалитетни градежни материјали, но и примена на системската градба за да се исполнат строгите процедури за обезбедување сертификат за енергетски карактеристики на зградите за домување. И додека спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност сè уште не претставува задолжителен дел од изградбата на новите објекти, некои од градежните компании веќе пристапија кон значајни промени во начинот на градење.

 

Станбено – деловниот објект  „Golden Art“ во населбата Стар Аеродром [»мапа] е една од инвестициите во Скопје кои се стремат да постанат згради за домување со ниска потрошувачка на електрична енергија. Уште пред почетокот на изградбата на објектот, изработена е Студија за енергетска ефикасност од страна на д-р Петар Николовски. За да ги задоволи строгите енергетски карактеристики и да биде класифициран во врвната енергетска класа „А“, градежната компанија „Голден Арт“ е должна во фазите на градење да примени нови и иновативни градежни материјали.

 

#Така, на пример, при изведбата на надворешните ѕидови се користат адекватни цигли. За разлика од досега употребуваните обични цигли, при изградбата на оваа станбена зграда се користат енергетско ефикасни термо блокови од хрватскиот производител „Нексе Група“. За прв пат во Македонија, во ваков вид на објекти се применува овој производ кој има исклучителни термо – изолациски својства.

 

#Употребата на овие термо – блокови при изведбата на карабината на објектот има за цел да ја постигне пресметаната потреба од енергија за греење, која што на годишно ниво ќе изнесува од 15 до 24 kWh на метар квадратен, во зависност од режимот на греење. На тој начин, не само што се постигнуваат параметрите во Правилникот на македонското Министерство за економија, туку оваа зграда ги задоволува и пропишаните актуелни вредности на ниска топлинска загуба на Словенија, Бугарија и Хрватска, каде што важат построги стандарди. Како нискоенергетски објект, станбената зграда „Golden Art“ во иднина ќе им ја намали потрошувачката на енергија и ќе им заштеди значајни финансиски средства на станарите. Примената на мерките за енергетска ефикасност во секоја фаза од градењето е главната причина за ваквиот успех.

 

Изградбата на станбено – деловниот објект „Golden Art“ започна кон средината на октомври минатата година. Во моментов, пред комплетирање е карабината на првиот влез, на кој во претстојниот период ќе се работи на поставување на прозорците, додека кај вториот е завршен подземниот паркинг и ѕидаријата до првиот кат. Зградата ќе има 117 станови, со површина од 33 до 80 метри квадратни.