Претходна статија
МЕПСО го заокружува битолскиот прстен на трафостаници
Следна статија
Нови седум километри гасоводна мрежа во Струмица

ЕЛЕМ не се откажува од идејата за ски – центар на Водно

Објавено на 13.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

И покрај покажаната незаинтересираност на приватниот сектор и жестокото противење на граѓанските организации, идејата за изградба на скијачки центар на Водно продолжува да се реализира. Градежниот институт „Македонија“ во наредните шест месеци ќе работи на изготвување на проектно – техничка документација за изградба на овој ски – центар во непосредна близина на главниот град. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за оваа цел ќе одвои финансиски средства во износ од 13.723.400 денари (околу 220 илјади евра). Покрај изработката на неопходната документација, ЕЛЕМ во наредниот период ќе треба да избере приватен партнер кој е подготвен да инвестира во изградба на скијачкиот центар.

 

 

 

Според постоечката замисла на државната компанија, на Водно ќе се градат четири скијачки патеки со должина од 3.850 метри, три ски – лифта со должина од 1.350 метри и два подвижни тепиха долги 160 метри. Во комплексот ќе се подигне административна зграда, во чии рамки ќе има ресторан, скијачка школа и оддел за изнајмување скии. Идниот ски – центар ќе има патеки што ќе почнуваат од врвот на Водно на висина од 1.050 метри, додека најниската точка ќе се наоѓа на висина од 570 метри.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект