Електрани на Македонија распишаа тендер за избор на изведувач што ќе ја гради пешачко – велосипедската патека покрај езерото Козјак. Државната компанија проценува дека за реализација на проектот се потребни 43.547.000 денари (околу 710.000 евра), без вклучен ДДВ, а рокот што ќе го има изведувачот е 12 месеци. ЕЛЕМ веќе го подготви неопходниот основен проект, со што е отворена можноста за остварување на замислата. Градежните компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 5 август, за кога е предвидено и нивното јавно отворање.