Претходна статија
Пречистителна станица за отпадни води во Скопје ќе се гради со француска помош
Следна статија
Во Валандово нема да има референдум за рудникот за бакар во Казандол

ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра во скијачкиот центар на Пелистер

Објавено на 27.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По неколкугодишни најави, скијачкиот центар на Пелистер ќе биде обновен. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) планира да инвестира 10 милиони евра за реконструкција на хотелот „Молика“ и на планинарскиот дом „Копанки“, како и за изведба на систем за создавање на вештачки снег и соодветно езеро за оваа намена. Од државната компанија во изјава за битолската телевизија „Тера“ посочуваат дека е распишан трет по ред Конкурс за избор на идејно решение за овој проект.

 

 

Од ЕЛЕМ очекуваат избор на најсоодветен авторски труд по двата неуспешни повика до архитектите во текот на 2016 и 2015 година. Идејата за заживување на зимскиот туризам на Пелистер беше причина пред две години да се изработи и физибилити студија за проширување на овој рекреативен центар.