Претходна статија
Македонија ќе остане без меѓународни возови од почетокот на септември
Следна статија
Ќе се реконструираат лифтови и покриви на згради во Карпош

Електроцентралите на обновлива енергија со заедничка моќност од 117 мегавати

Објавено на 29.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Производството на електрична енергија од обновливи извори во Македонија и понатаму останува на минорно ниво. Инсталираната моќ на сите 168 електроцентрали од кои се добива „зелена енергија“ изнесува 117,7 мегавати и е речиси идентична на вкупната моќност на само една термоелектрана – кичевската ТЕЦ „Осломеј“. По речиси девет изминати месеци, во Регистарот на енергетски капацитети што произведуваат електрична енергија од обновливи извори се впишани само пет нови објекти, и тоа четири мали хидроелектрани и една биогасна електрана. Сите заедно, овие електроцентрали годишно можат да произведат 377.064 мегават часови електрична енергија.

 

 

 

Според податоците на Агенцијата за енергетика, во изминативе девет месеци не е пуштена во употреба ниту една нова фотоволтаична електрана. На територијата на целата земја, нивниот број и понатаму останува 102, кои имаат инсталирана моќност од само 16,71 мегавати. Од официјалниот документ може да се согледа дека најголем раст во производството на електрична енергија ќе имаат малите хидроелектрани, иако нивниот придонес е повеќе од симболичен – пуштени во погон се нови објекти од околу 2 MW. Во делот на ветерните електрани, како единствен енергетски капацитет од ваков вид во земјава останува ветропаркот „Богданци“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk