Претходна статија
Нови 12,7 милиони денари за довршување на објектот на ФДУ
Следна статија
Догодина ќе се довршат културните објекти започнати со изведба во изминатиов период

ЕБОР со 5 милиони евра ќе ја поддржи енергетската ефикасност во земјава

Објавено на 12.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Шпаркасе банка – Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договори за две кредитни линии за поддршка на енергетската ефикасност во земјава. Станува збор за финансиски средства во износ од 5 милиони евра, со кои би се имплементирале мерките за енергетска ефикасност во македонските домаќинства. Со првата кредитна линија од 2 милиони евра ќе се кредитираат набавките на енергетски ефикасни уреди, прозорци и врати, како и термички фасади на зградите. Втората кредитна линија од 3 милиони евра ќе се насочи кон кредитирање на купувањето нови станови од граѓаните.

 

 

Првите кредити за македонските домаќинства ќе бидат доделени во март 2018 година. Ова е прв проект на ЕБОР во нашата земја со кој се поддржува воведувањето на мерките за енергетска ефикасност од страна на граѓаните. Денешните договори беа потпишани од Глигор Бишев, претседател на управниот одбор на Шпаркасе банка – Македонија и Анка Јоану Јонеску, претставник на ЕБОР во Македонија.