Претходна статија
Продадени девет парцели за изградба на куќи во населбата „Јака“
Следна статија
Продадена парцела за хотел на Пониква

Две нови индустриски зони ќе се градат во Виница и Берово

Објавено на 29.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ Берово - опфатСо завршување на изработката на проектната документација, во текот на наредниот месец ќе се распише и тендер за избор на субјект што ќе ја гради инфраструктурата во склоп на идните технолошко – индустриски развојни зони (ТИРЗ) во Виница и Берово. Се очекува изградбата на зоните да стартува во септември и до крајот на годината би требало да биде завршена првата фаза. Портпаролот на Владата Александар Ѓеорѓиев на денешната прес – конференција најави дека за предвидените фази од основањето и изградбата на зоните ќе се вложат еден милион евра.

 

Врз основа на донесените одлуки на македонската влада, ТИРЗ Виница ќе се простира на површина од 21,04 хектари на 4,5 километри оддалеченост од градот, во месноста Поповец. ТИРЗ Берово ќе биде лоцирана на регионалниот пат Берово – Дабиле во месноста Шушлевец и ќе има површина од 17,38 хектари. Од владата информираат дека во август ќе започне изградбата на ТИРЗ Радовиш, која ќе се простира на површина од 10 хектари и на ТИРЗ Струга, додека за ТИРЗ Ранковце во моментов се одвиваат активностите за избор на компанија што ќе ја изведе неопходната инфраструктура. Како последна за реализација ќе остане индустриската зона во Делчево, која ќе се основа во третиот квартал од годинава и ќе почне да се гради на крајот од 2014 година.