Претходна статија
Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици
Следна статија
Ќе се врши ревизија на основниот проект за пругата кон Албанија

Државната кардиохирургија се всели во нови простории

Објавено на 24.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Универзитетската клиника за државна кардихирургија доби нови простории и опрема за извршување на најсложени оперативни зафати. Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска го пуштија во употреба адаптираниот простор што се наоѓа во објектот на Клиниката за кардиологија во Скопје. Целокупниот простор од околу 750 метри квадратни се состои од две операциони сали, интензивна нега со шест кревети, приемна амбуланта, чекална и пропратни простории.

 

#Во проектот се инвестирани вкупно 136 милиони денари, од кои 100 милиони денари беа одвоени за медицинската опрема и 36 милиони денари за реконструкција и адаптација на просториите. Во делот на градежните активности, проектот го изведе компанијата „Алдинг инженеринг“ од Скопје. Медицинскиот персонал се наоѓа во фаза на оформување, на чие чело се наоѓаат кардихирурзи од земјава и од странство. „Генерално со кадар сме екипирани, овде има 50 вработени. Кардиохируршкиот тим е составен од наши кардиохирурзи, но и од кардиохирурзи од Дедиње и од почетокот на месец јули ќе бидат и кардиохирурзи од Швајцарија“, истакна министерот Тодоров. Основањето на државната кардиохирургија следува по неколку неуспешни обиди за нејзиното формирање во изминативе четири децении. Универзитетската клиника за државна кардиохирургија почна да функционира во 2014 година.