Претходна статија
Отворена „Лабораторија за урбано живеење“ во Скопје
Следна статија
Ќе се испитува оправданоста за изградба на систем за наводнување во општина Долнени

Драмски театар ќе го дочека летото со реконструиран кров

Објавено на 17.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Над 3,8 милиони денари ќе се одвојат за реконструкција на покривот на објектот на Драмски театар. Протекувањето на делови од кровната конструкција ќе треба да се санира во рок од 30 дена, колкаво е и времетраењето на склучениот договор на 15 мај. За изведувач на работите е избраната фирмата „Спектартермо“ од Скопје, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. На распишаниот тендер се пријавиле три градежни компании, при што за изведувач е избрана фирмата што доставила најниска цена за изведба на санацијата.

 

 

Протекувањето на покривот на Драмскиот театар постана горлив проблем при секој поголем поголем дожд во изминативе месеци. Со изведбата на реконструктивниот зафат ќе се обезбедат елементарни услови за работа на театарскиот ансамбл. Доколку се следат пропишаните рокови за изведба, тогаш проблемот со протекувањето на покривот би требало да се реши во текот на претстојното лето.

 

Објектот на Драмскиот театар е изграден со помош на владата на Велика Британија по скопскиот земјотрес од 1963 година. Минатата влада планираше донираниот објект да го сруши за да изгради ново театарско здание на истата локација во населбата Карпош 2.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk