Претходна статија
Нова најава за реконструција и заживување на Офицерскиот дом во Велес
Следна статија
Распишан тендер за реконструкција на водоснабдителниот систем во Куманово

Доцни изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Објавено на 29.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Од март 2018 година пациентите од источниот дел на Македонија требаше да се лекуваат во новиот објект на Клиничката болница во Штип. Ваков рок му беше зададен на изведувачот на овој здравствен комплекс при почетокот на неговата изградба на почетокот од март 2016 година. По изминати две години и два месеци, на терен може да се констатира дека не е довршена во целост ниту карабината на новата Клиничка болница во Штип. Градежните работи во неколку наврати беа запрени, со што се одолговлечи изградата на здравствениот комплекс. Нов краен рок за пуштање во употреба на објектот засега не е даден од Министерството за здравство.

 

 

Надлежните власти на изведувачот на работите му дадоа последен рок до почетокот на јуни за да се забрзаат градежните активности на терен, јавува штипската телевизија „Стар“. Доколку не се забрзаат работите, од надлежното министерство ќе преземат мерки против грчката фирма „Интеркат“, која е изведувач на овој проект. За подизведувач на проектот е ангажирана штипската градежна фирма „Бетон“.

 

Изградбата на новата Клиничка болница во Штип тежи 30 милиони евра, но дополнителни финансиски средства од 16 милиони евра се планирани за инсталирање на неопходната опрема. Објектот со површина од 34.000 метри квадратни требаше да се изгради во две фази. Комплексот со осум нивоа е замислено да обезбеди здравствени услуги за 200.000 пациенти.