Претходна статија
Булеварот „Партизански одреди“ со шест ленти и во Ѓорче Петров
Следна статија
Четири нови инвестиции во Општина Илинден

Дополнителни 53 милиони денари отидоа на одржување на фонтани и споменици од „Скопје 2014“

Објавено на 28.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје одвои уште 53.000.000 денари за одржување на фонтаните и спомен – обележјата од проектот „Скопје 2014“. Овие средства од граѓаните ќе се трошат во наредните две години за да може непречено да функционира сето она што е изградено на јавните површини во централното градско подрачје. Одржувањето на фонтаните и спомениците од „Скопје 2014“ ќе го врши компанијата „Бетон“ од Скопје. Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, во тендерската постапка учествувале две фирми.

 

 

 

Со најновиот договор склучен од градските власти, одржувањето на дел од проектот „Скопје 2014“ веќе достигна милионски размери. Покрај најавените 860.000 евра за наредните две години, лани Градот Скопје исплатил 500.000 евра за оваа намена, додека во 2014 година за редовно чистење и санирање на оштетените сегменти од проектот се одлеале 325.000 евра. Годинава е склучен договор и за поставување растерувачи на сенки, кои треба да ја усмеруваат светлината кон „барокните“ скулптури во центарот на Скопје. Само за растерување на сенките беа потрошени 1.444.111 денари, односно над 20.000 евра.