Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Наместо во нов базен, охриѓани ќе пливаат во темелите на недоградениот објект
Следна статија
И годинава субвенции за Скопјани за купување велосипеди

Дополнителен рок за реконструкција на улицата „Втора Македонска бригада“ во Чаир

Објавено на 11.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наместо реконструирана улица на почетокот на годинава, Градот Скопје за неколку месеци го одложи пуштањето во употреба на улицата „Втора Македонска бригада“ во Чаир. Со изведувачот на работите – фирмата „Пелагонија“ од Гостивар е склучен дополнителен договор за изведба на непредвидени работи во вредност од над 1,9 милиони денари. Оваа значајна сообраќајница започна да се реконструира во јули 2017 година, вклучувајќи ја трасата од раскрсница со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружен тек со улица „Лазо Трповски“.

 

*Од минатогодишниот почеток на градежни работи; Извор на фотографија: Град Скопје.

 

Дополнителниот договор е склучен на крајот од март годинава, при што изведувачот на работите доби додатни 180 работни дена за завршување на проектот. Вкупната сума за реконструкција на коловозот на улицата, заедно со пешачките и велосипедските патеки, се искачи на 12.545.872 денари. Улицата „Втора Македонска бригада“ не беше санирана со децении наназад, иако на неа секојдневно се одвива јавниот превоз што ги поврзува општините Шуто Оризари и Чаир со централното градско подрачје.