Претходна статија
Градежниците имаат позитивни очекувања за претстојниот период
Следна статија
„Урбан инвест“ ќе го гради „барокниот“ парк Жена борец

ДОМ бара сопирање на изградбата на „Настел Тафталиџе“

Објавено на 05.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска побара сопирање на изградбата на комплексот „Настел Тафталиџе“, промена на Деталниот урбанистички план и на проектот. „ДОМ нема намера да се расправа со приватни инвеститори, кои си имаат свои интереси. За нас како политичка партија е важен јавниот интерес и затоа бараме одговор од институциите, кои се должни да го заштитат“ велат од ДОМ. Од партијата на зелените посочуваат дека ДУП-от е донесен во нетранспарентна процедура без јавна расправа, но и дека постојат нерасчистени имотно-правни односи околу незавршена денационализација.

 

 

 

„Објектот во својот огромен габарит ги гази еколошките стандарди за хумано живеење и сместува едно мало македонско градче во една зграда. Ги засенува околните објекти, нема проветрување за цела населба, нема простор за нормален сообраќаен тек, а ќе се издига како кинески ѕид во општина Карпош“ соопштуваат од ДОМ. Тие велат дека сериозно се прекршени и надминати урбанистичките стандарди при проектирањето и постои несовпаѓање со ГУП-от на град Скопје.

 

Од „Настел“ истакнуваат дека не постои никаква законска пречка за изградба на комплексот „Настел Тафталиџе“. Оттаму велат дека Деталниот урбанистички план е донесен во стандардна процедура, но и дека нема никаков имотно-правен проблем за оформување на парцелата. Зоран Азманов вчера побара извинување од претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и медиумска дебата за самиот проект со неа. „Ако Поповска не се извини јавно, тогаш ќе бидеме принудени да преземеме други правни мерки“ рече Азманов.