Претходна статија
На продажба се нудат уште 16 парцели во Жабени
Следна статија
Две нови згради ќе се градат на местото на сегашните бараки на АДСДП во Дебар маало

Долгонајавуваниот пат Радовиш – Струмица ќе биде готов до јануари

Објавено на 28.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната механизација на претпријатието „Гранит“ од Скопје забрзано работи на завршување на магистралниот пат А4 (М-6) од Радовиш до Струмица. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го посетија местото на кое одвиваат градежните активности за комплетирање на патната делница помеѓу селата Сурдулци и Радичево во должина од 10 километри, која што со низа на проблеми се гради уште од 2009 година. Според ветувањето на владините претставници, новата делница ќе биде пуштена во употреба во јануари 2013 година. Инвестицијата во овој проект изнесува 445 милиони денари или околу 7,2 милиони евра, средства обезбедени од државниот буџет.

 

 

* Асфалтирање на делницата Сурдулци – Радичево (извор: Агенција за државни патишта)

 

 

Градежните работи за докомплетирање на магистралниот пат од Радовиш до Струмица со повеќе прекини се одвиваат веќе три години, а Агенцијата за државни патишта го раскина првичниот договор со хрватската компанија „Ингра“, поради непочитување на планираните рокови за изведба. На новиот патен правец се предвидени шест мостови, два подпатници и еден натпатник, две клучки кај селата Калуѓерица и Радичево, канали и објекти за одводнување. Во 2006 година беше отворена за сообраќај делницата од Радовиш до Сурдулци во должина од 4,56 километри. Покрај за комплетирањето на овој магистрален пат, вицепремиерот Ставрески во денешната изјава за медиумите говореше дека во иднина ќе се работи на проектот за проширување на патот од Велес до Кадрифаково кој би се состоел од две главни и две помошни коловозни ленти, за што Агенција за државни патишта ќе треба да направи проектна документација.