Претходна статија
Распишан тендерот за изградба на булеварот Трета Македонска Бригада
Следна статија
Живнува активноста на македонските градежници на странските пазари

Доделени наградите за идејно решение за градскиот плоштад во Кочани

Објавено на 09.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Кочани избра два архитектонски труда како идејни решенија од кои во иднина ќе се реализира реконструкцијата на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“. На конкурсот што беше објавен во мај годинава пристигнале осум дела од архитектите, а стручната комисија при општината се одлучи да издвои две решенија што добија трета награда во износ од 10.000 денари. Прва и втора награда на конкурсот не се доделени. Изборот на најадекватното идејно решение го изврши жири – комисијата во состав: Панче Грчев, Петар Минов, Петар Апостолов, Иван Иванов, Влатко Димитров, Александар Гицов и Зоран Манасиев.

 

Кочанскиот градоначалник Ратко Димитриевски нагласува дека локалната власт дополнително ќе сугерира упатства со кои новиот плоштад би ги задоволил потребите за паркинг, но и за влез до институциите што се лоцирани околу овој јавен простор во центарот на градот. По изборот на победничкото идејно решение, општина Кочани во наредниот период ќе пристапи кон изготвување на преостанатата неопходна документација пред да започнат градежните активности за реконструкција на градскиот плоштад.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект