Претходна статија
Скопски „Гранит“ и „Бетон“ влегуваат во изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Следна статија
Во Скопје се отвори нова фабрика за производство на фотоволтаични панели

До крајот на јуни ќе се објави повикот за субвенционирање на авиопревозниците

Објавено на 23.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Македонската влада ќе продолжи со доделувањето средства за субвенционирање на евтините авио летови и во наредните три години. Министерството за транспорт и врски до крајот на јуни ќе го објави јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиокомпании заинтересирани за одржување на овие линии. На вчерашната владина седница беше усвоена Програмата за определување средства потребни за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздухопловниот сообраќај во Република Македонија.

 

 

Со документот се определени начинот и критериумите за доделување на финансиската поддршка на авиопревозниците и потребната документација што треба да се достави за да се добијат субвенциите за периодот 2018-2021 година. Покрај од меѓународниот аеродром во Скопје, стратегијата на македонската влада е во наредните три години да се субвенционираат повеќе летови и од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Само за 2018 година од државниот буџет се издвоени финансиски средства од 54 милиони денари за субвенционирање на авикомпаниите.

 

Објавувањето на новиот јавен повик на крајот од јуни се поклопува со истекувањето на договорот со унгарската нискобуџетна авикомпанија „Визер“. Во изминативе осум години се издвоени 8.000.000 евра за субвенционирање на евтините летови, а двата договора со „Визер“ беа потпишани во 2012 и во 2015 година.