Претходна статија
Владината зграда да ја зачува оригиналната физиономија
Следна статија
Годинава започнува реконструкцијата на пругата долж Коридор 10

До 2020 година 20% од енергијата во државава ќе се добива од обновливи извори

Објавено на 23.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Учеството на енергијата добиена од обновливи извори во вкупната потрошувачка во 2011 година изнесува 16,6%, а стратешката определба на земјава е 20% од финалната потрошувачка да се добива од обновливи извори до 2020 година. За постигнување на оваа цел,  пред еден и пол месец во рамките на Стопанската комора на Македонија беше формирана Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА). До крајот на годинава се очекува да се завршат неколку енергетски објекти од овој тип, со што учеството на обновливите извори на енергија ќе се зголеми на 17,2% од целокупната нејзина конзумпција во земјава.

 

 

 

Од групацијата напоменуваат дека во моментов во Македонија функционираат 23 мали хидроелектрани, од кои 9 се на приватни компании кои користат повластена тарифа, 11 се на ЕВН кои се изградени во периодот на поранешна Југославија и 3 се во сопственост на општинските јавни претпријатија. Исто така, на територијата на земјава функционираат 7 фотоволтаични електрани, а во тек е изградбата и на првиот македонски ветерен парк од страна на ЕЛЕМ. Сегашните податоци покажуваат дека 13 компании имаат 47 концесии за хидропотенцијал за изградба на мали хидроелектрани. Во споредба со другите европски држави, Македонија се наоѓа на дното кога станува збор за искористувањето на обновливите извори на енергија, а компаниите од овој бизнис се жалат на низа проблеми поради кои не можат да ги изградат зацртаните енергетски објекти.

 

 

Бојан Блажевски