Претходна статија
Отворена најголемата слободна економска зона во Македонија
Следна статија
Партнерот на банкротираната „Алпине“ сам ќе го доврши ремонтот на пругата на Коридорот 10

Директорот на АДСДП очекува значителен пад на цените на становите

Објавено на 25.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Цените на становите во наредниот период ќе забележат пад од 10 до 15 проценти, а доколку се гасифицираат фабриките кои произведуваат градежни материјали и превозот биде на метан и на други поефтини енергенси, треба да се очекува пад и на цените на градежните материјали. Вакви се очекувањата на директорот на Акционерското друшто за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП), Цветко Грозданов, кои ги изнесе во интервју за порталот „еВести“. Маржите кај приватните компании кои градат станови, според Грозданов во моментов се превисоки и се движат околу 30 проценти.

 

„Просечната цена по метар квадратен станбена површина, зборувам за градежна не за продажна, изнесува од 370 па се до 450 евра за метар квадратен, но сепак тоа е условено и од типот на градбата. На пример не е исто градба на колективна станбена зграда која е на 5 ката и зграда на 15 ката, а има разлика и во квалитетот на вградениот материјал. Доколку станува збор за луксузни станови сигурно дека и цената ке биде повисока. Кога на оваа цена ќе се додаде пазарната цена на земјиштето, комуналиите како и останатите трошоци, цената просечно би требала да се движи во рамките на цените кои ние како Акционерско друштво ги нудиме“, нагласува Грозданов.