Претходна статија
Со регионална депонија ќе се решава проблемот со отпадот во Куманово
Следна статија
Камен-темелник за нова фабрика во ТИРЗ Прилеп

Демир Капија наскоро ќе добие нов градски плоштад

Објавено на 11.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општинските власти од Демир Капија забрзано работат на изведбата на новиот градски плоштад. „Веќе се поставени подземната електрична инсталација и атмосферската канализација, а во моментов се работи на тампонирање на просторот пред да се изврши поплочувањето“ соопштуваат од локалната самоуправа. Градскиот плоштад ќе биде поплочен, ќе се постави јавно осветлување и урбана опрема, ќе се изведе фонтана и околниот простор ќе биде хортикултурно уреден.

 

Новиот градски плоштад ќе биде лоциран во центарот на Демир Капија. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци. Општина Демир Капија за овој проект издвои финансиски средства од 14.154.100 денари. Договорот за реализација на проектот беше потпишан кон крајот на 2015 година.