Претходна статија
„Адинг“ со добивка од над 2,7 милиони денари ја заврши минатата година
Следна статија
Ќе се обнови коловозот и тротоарите на главната сообраќајница во Шуто Оризари

Чифте амамот ќе се заштити од прокиснување до претстојното лето

Објавено на 03.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До претстојното лето ќе треба да се реши во целост проблемот со прокиснување на Чифте амамот во Старата скопска чаршија. НУ Национална галерија на Македонија денеска го распиша огласот за пронаоѓање изведувач што ќе ги изврши планираните конзерваторско – реставраторски интервенции на овој споменик на културата. Со зафатот е предвидено да се изведе дренажен канал за заштита од продор на атмосферски и подземни води, санација на кровот на амамот и оформување на нови простории и функции во рамки на самиот објект. За овие активности е проценето дека ќе се потрошат околу 1,8 милиони денари.

 

 

Идниот изведувач ќе има рок од два месеци за да ги заврши конзерваторско – реставраторските работи. Заинтересираните субјекти за учество на тендерот имаат можност да ги достават своите понуди најдоцна до 16 април. Неопходноста за санација на Чифте амамот во Скопје е прашање што се провлекува со години наназад, но итноста за решавање на овој проблем се појави по минатогодишното невреме коешто уништи дел од покривните куполи на амамот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk