Претходна статија
Ќе се работи на проект за кружен тек кај „Хубо маркет“
Следна статија
И ако го нема, на Водно ќе се скијаме на снег

Четири саемски дена за проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено на 29.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Tрговскиот центар Скопје Сити Мол од денеска до 1 ноември е домаќин на саем за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во наредните четири дена граѓаните ќе може да се информираат за поволностите што ги нуди овој владин проект, но и да одберат свој дом по намалени цени од над 20 градежни компании и банки што ќе бидат присутни на саемот. Секој граѓанин може да добие детално објаснување околу можностите за субвенционирање за купување на нов стан или изградба на нова куќа.

 

 

 

Како што е веќе познато, проектот „Купи куќа, купи стан“ овозможува два модела за субвенционирање при купувањето на ново живеалиште. Според првиот модел, владата за изградба или купување на куќа покрива 75% од месечната рата во првите пет години од отплатата на кредитот. Кај становите, се покрива половина од месечната рата во идентичниот временски период. Субвенционираната каматна стапка изнесува 3,95% во првите три години и 4,44% во четвртата и петтата година од отплатата. Во согласност со вториот модел, владата плаќа 75% од учеството за изградба или купување на куќа.

 

Пресметките на Министерството за финансии покажуваат дека преку проектот „Купи куќа, купи стан“ досега се решило станбеното прашање на над 680 семејства. Од државниот буџет за субвенционирање на македонските граѓани биле одвоени средства во висина од 4,3 милиони евра.