Претходна статија
Студија за подземни пешачки премини во Скопје
Следна статија
Новини во легислативата за градење и урбанистичко планирање

Чекор поблиску до Универзитетски клинички центар во Штип

Објавено на 26.01.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Министерството за транспорт и врски денес потпишаа договор за  долготраен закуп на градежно земјиште на кое ќе се гради Универзитетскиот клинички центар. Со изградба на универзитетска клиничка болница и на универзитетска студентска поликлиника ќе профункционира кампусот три на штипскиот државен универзитет, односно ќе почне да се оформува делот за медицински науки, а штипската болница ќе прерасне во регионален универзитетски клинички центар. Кампусот ќе се простира на површина од 6,93 хектари. Автор на идејниот проект е архитектот Благој Здравев од штипската фирма „Слеме проект“, додека основниот проект го изработи „Прима Инженеринг“ од Скопје. Кампусот три е еден од најамбициозните проекти на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според првичните најави, тој требаше да почне да се гради во првата половина на 2010.