Чешката авиокомпанија „Чех ерлајнс“ повторно ја воведува директната авионска линија од Скопје до Прага. По четири години пауза, од нашиот главен град до чешката метропола ќе се лета три пати неделно. Релацијата ќе се одржува секој петок и понеделник, со поаѓање од Скопје во 3:30 часот наутро, додека повратните летови од Прага се во четврток и недела, со поаѓање од 22:25 часот. Почнувајќи од 28 јуни, ќе се воведе и трет лет, со поаѓање од Прага во вторник, и повратен лет од Скопје во среда.
За директната авионска врска со Прага веќе можат да се набават билети. Цената на авионската карта во еден правец почнува од 75 евра, додека повратните билети почнуваат од 144 евра. Во текот на главната сезона, чешката авиокомпанија ќе ја опслужува линијата со авион „ербас А319“, а надвор од сезоната ќе сообра турбопропелер „АТР 72-500“. „Задоволен сум што се оствари нашата намера да се обнови редовната врска меѓу Скопје и Прага, што официјално ја најавивме на почетокот на декември“ истакна Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во „Чех ерлајнс“.