Претходна статија
Ќе се доградува улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел
Следна статија
Каква документација од пост-земјотресно Скопје изгоре во пожарот во Заводот за урбанизам и архитектура?

„Чакар-Партнерс“ ќе го подготви основниот проект за Јужен булевар

Објавено на 21.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје ја избра фирмата „Чакар-Партнерс“ за изработка на основниот проект и основниот сообраќаен проект со вклучена ревизија за булеварот „Македонија“ (поранешен Јужен булевар). Проектната документација за подземната сообраќајница ќе чини 4.238.560 денари, се наведува во податоците од Бирото за јавни набавки. Договорот со времетраење од 15 месеци е склучен пред три дена од страна на градската администрација. Врз основа на изработката на проектот, турската компанија „Лимак“ ќе треба да ја почне изведбата на подземниот коридор кај трговскиот центар „Рамстор“.

 

 

Инвеститорот од Турција во 2012 година го купи градежното земјиште за да гради надземен комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни. Како обврска од договорот, турската компанија се обврза да ја изгради подземната сообраќајница под комплексот во должина од 800 метри. Трасата ќе почнува со голем кружен тек пред поранешна НИП „Нова Македонија“, а уште два кружни тека ќе се градат на излезот кон Кисела Вода. Подземната сообраќајница ќе има шест коловозни ленти, со што конечно ќе се реализира идејата за возилата да добијат брза обиколница на строгиот центар на Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за урбаните автопати во Скопје