Скопскиот булевар „Партизански одреди“ ќе се проширува од новоизградениот кружен тек кај Порта Влае, кон населбата Ѓорче Петров, до кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле. Покрај изведбата на дополнителна коловозна лента во секој правец и средишно зеленило, овој дел од сообраќајницата ќе добие нови патеки за движење на пешаци и велосипедисти, како и модерни канделабри. За реализација на овој проект Градот Скопје денеска распиша тендер за изведувач, на кој градежните компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 15 септември.
* Извор на фотографија: Град Скопје
Како прва фаза од доградбата на булеварот „Партизански одреди“, градската власт на почетокот од мај годинава го пушти во сообраќај кружниот тек во населбата Влае. Во меѓувреме, Градот подготвува и реконструкција на „Партизанска“ на потегот од крстосницата со улицата „Рузвелтова“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk