Од почетокот на годинава до сега преку македонските аеродроми биле превезени 1.098.636 патници, што е за 18,1% повеќе во споредба со истиот период лани. Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека само во октомври 2014 година биле регистрирани 109.811 патници или за 19,8% повеќе во однос на периодот јануари – октомври 2013 година. Од двата аеродрома, подобар резултат остварил скопскиот „Александар Велики“, кај кој има зголемување од 21,1% кај бројот на патниците. Со овие статистички резултати, авиосообраќајот бележи најголем раст во споредба со останатите видови на транспорт во земјава.
Според застапеноста на дестинациите по бројот на патници, најголем дел од патниците, односно 15,8% патувале кон Истанбул, 8,4% за Виена, 7,9% за Цирих, по 5,7% за Лондон и за Базел, 5,6% за Малме и 5,2% за Белград. Со зимскиот ред на летање што стапи на сила на 26 октомври, македонските граѓани имаат директни авио врски од Скопје кон 23 градови.