Претходна статија
Започнува реконструкцијата на железничкиот Коридор 10
Следна статија
Во Македонија ќе се градат туристички зони по примерот на Сончев Брег и Златни Песоци

БЛИЦ ВЕСТ: Собранието ја доби првата купола

Објавено на 11.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Конструкцијата на првата од трите предвидени куполи врз покривот на собраниската зграда, денеска беше поставена на своето место. Се работи за една од двете помали куполи со радиус од четири метри, кои се зацртани на аглите од челната страна на објектот. Покрај ова, предвидена е и една голема централна купола со радиус од 17 метри. За нивното проектирање, изведба и монтажа е задолжен „Факом“. Куполите се дел од проектот кој исто така опфаќа доградба и надградба на Собранието, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата. Главен изведувач е градежната фирма „Бетон“ од Скопје, која зделката ја доби на крајот од 2009 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

###

 

###