Конструкцијата на првата од трите предвидени куполи врз покривот на собраниската зграда, денеска беше поставена на своето место. Се работи за една од двете помали куполи со радиус од четири метри, кои се зацртани на аглите од челната страна на објектот. Покрај ова, предвидена е и една голема централна купола со радиус од 17 метри. За нивното проектирање, изведба и монтажа е задолжен „Факом“. Куполите се дел од проектот кој исто така опфаќа доградба и надградба на Собранието, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата. Главен изведувач е градежната фирма „Бетон“ од Скопје, која зделката ја доби на крајот од 2009 година.
» Форумска дискусија за овој проект