Претходна статија
ТЕМА: Хронично доцнат крупните енергетски проекти во Македонија
Следна статија
Се стабилизира цената на становите во Скопје

БИМАС 2016 до крајот на мај ќе ја третира темата „Рециклирана архитектура“

Објавено на 17.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

XVIII Биенале на македонската архитектура ќе мине во знакот на темата „Рециклирана архитектура“. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ и директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски вечерва ја отворија традиционалната изложба на авторски дела продуцирани од македонската архитектонска фела во изминативе две години. На различни локации во Скопје, во наредните две недели ќе се организираат изложби, предавања и дискусии на домашни архитекти, но и на гости од странство, меѓу кои најголемо внимание веројатно дека ќе привлече предавањето на хрватскиот критичар на архитектурата Мароје Мрдуљаш.

 

БИМАС 2016БИМАС 2016БИМАС 2016

 

 

Во своето вечерашно обраќање пред присутните, Александар Радевски како годинашен селектор на БИМАС 2016 соопшти дека за овогодинешното биенале се селектирани 86 авторски труда, поделени во пет категории. На БИМАС 2016 не е изложен ниту еден проект од „Скопје 2014“. Радевски посочи дека сите овие дела ќе остават белег на архитектонската сцена во земјава. Претседателот на организацискиот одбор на БИМАС 2016, Бојан Каранаков истакна дека овогодинешното биенале има за цел да отвори дебата за потенцијалите што го носи со себе рециклираната архитектура.

 

Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ смета дека рециклираната архитектура претставува тема за која многу малку се зборува во земјава. „Имаме одговорност за да најдеме начин да допреме до колективната свест“, изјави Раѓеновиќ-Јовановиќ. Свеченото доделување на наградите на овогодинешниов БИМАС ќе се одржи на 31 мај, во просториите на Музејот на Град Скопје.