Штипската компанија „БИМ Инвест Инженеринг“ се откажа од намерата за преземање на „Бетон“ од Штип. Ваквата одлука доаѓа како резултат на неможноста да се обезбеди комплетната документација во законски утврдените рокови, согласно важечките членови од Законот за преземање на акционерски друштва.
„БИМ Инвест Инженеринг“ достави понуда за преземање на штипски „Бетон“ кон крајот на декември минатата година. Понудата вклучуваше преземање на оваа градежна компанија, при што новиот инвеститор беше подготвен да плати по 1.600 денари за една акција. „БИМ Инвест Инженеринг“ во април 2017 година веќе купи 9.749 обични акции од штипски „Бетон“, со што се стекна со 23,32% од основната главнина на ова друштво.