„БИМ Инвест Инженеринг“ влегува во штипски „Бетон“
Нова промена во сопственичката структура на градежната фирма „Бетон“ од Штип. „БИМ Инвест Инженеринг“ од Штип станал нов акционер во компанијата со 9.749 обични акции, со што се стекнал со 23,32% од основната главнина на друштвото. Со потегот всушност се префрлени акциите од „ЕЗИМИТ ИНВЕСТ ДООЕЛ“, кој повеќе не е акционер во градежната фирма