Претходна статија
Владата ќе гради скејт паркови и кошаркарски игралишта
Следна статија
Ревизорските извештаи за работењето на Град Скопје ја разбрануваа јавноста

Без големи придвижувања кај бројката на завршени станови во 2015 година

Објавено на 03.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на нови станбени површини во земјава лани се одвивала без големи придвижувања. Вкупната бројка на завршени станови изведени од деловни субјекти и во индивидуална режија е речиси идентична на онаа од 2014 година. Деловните субјекти издигнале 2.724 објекти, со вкупно 2.824 станови на површина од 169.087 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови 59,9 метри квадратни. Наспроти нив, во индивидуална режија во текот на 2015 година се изградени 2.022 објекти и завршени се вкупно 2.473 станови со вкупна корисна површина од 261.771 метри квадратни.

 

 

 

Погледнато од аспект на региони, убедливо најголем број на станови се изградени во скопскиот регион. Кај станбените единици изградени во индивидуална режија, општина Тетово предничи со 127 комплетирани станови. Во делот на објектите изведени од деловни субјекти, во општина Центар лани се завршени 221 станови.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk