Претходна статија
Напредува изградбата на „Skopje City Mall“
Следна статија
Македонските градежници ги губат странските пазари

„Бетон“ ќе ја реконструира зградата на Министерството за транспорт и врски

Објавено на 26.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски во позадина на градежните активности на Плоштадот Карпошово востаниеГрадежната компанија „Бетон“ од Скопје склучи Договор за реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт и врски, на локација Центар – Мал Ринг, стои во известувањето за ценовно чувствителни информации објавено на интернет – страницата на Македонската берза. За изведување на градежните активности, „Бетон“ ќе добие 298.679.947 денари, односно околу 4,9 милиони евра со вклучен ДДВ. Според скудните информации кои беа соопштени во текот на летото, објектот ќе порасне во висина и ќе добие „барокна“ фасада. Исто така ќе се ре­но­ви­ра­ат и дел од канцелариите, ходниците и салите за состаноци. Реконструкцијата на управната зграда следува по почетокот на уредувањето на плоштадот Карпошово востание кој се наоѓа пред самиот влез на објектот на министерството и го изведува истата компанија. Постепено се уредува и целокупниот простор на потегот од Камениот мост до стоковната куќа „Мост“. Според македонскиот информативен портал Плусинфо, вкупната вредност на склучените договори помеѓу „Бетон“ и државата во последните пет месеци изнесува 35,49 милиони евра, најголем дел од нив поврзани со проектот „Скопје 2014“.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски