Претходна статија
ЕБОР ќе ја финансира изградбата на експресниот пат Штип - Кочани
Следна статија
Дебар Маало го доби својот прв парк

„Бауер БГ“ ќе реконструира 23 основни училишта низ земјава

Објавено на 11.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во екот на предизборниот период, на територијата на македонските општини ќе се реконструираат 23 основни училишта. Градежната компанија „Бауер БГ“ победи на распишаниот тендер на Министерството за образование и наука, во конкуренција на уште две фирми. За изведба на опсежниот градежен зафат во наредните шест месеци ќе се потрошат 136.482.559 денари, односно над 2,2 милиони евра од државниот буџет. Рехабилитацијата на училишните објекти треба да заврши до април 2016 година. Тендерот за реализација на претстојната реконструкција на училиштата беше објавен кон крајот на јуни годинава.

 

 

 

Со владиниот проект ќе бидат опфатени училиштата „Истикбал“ од Тетово, „Наим Фрашери“ од Куманово, „Браќа Мигени“ од Тетово, „Сабедин Бајрами“ од тетовското село Камењане, „Кирил и Методиј“ од скопско Стајковци, „Страшо Пинџур“ од валандовското село Јосифово, „Гоце Делчев“ од Кавадарци, „Перпарими“ од од гостиварско Форино, „Страшо Пинџур“ од Карбинци, „Методи Мицевски – Брицо“ од Лозово, „Гостивар“ од Гостивар, „ГК Скендербег“ од скопско Арачиново, „Наим Фрашери“ од скопско Морани, „Гоце Делчев“ од Тетово, „Гоце Делчев“ од Виница, „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа, „Св. Кирил и Методиј“ од струмичко Иловица, „Св. Климент Охридски“ од Делчево, „Блаже Конески“ од Скудриње, „Даме Груев“ од светиниколско Ерџелија, „Пашко Васа“ од тетовски Групчин, „Дитурија“ од скопски Сарај и „Лирија“ од гостиварското село Вруток.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk