Претходна статија
Во Ново Маало ќе се градат станбени згради, но не и облакодери
Следна статија
Во 2018 година Катастарот ќе почне со масовна проценка на недвижностите

„Бауер БГ“ ќе го реконструира Домот на културата во Драчево

Објавено на 17.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кисела Вода ја избра фирмата „Бауер БГ“ за изведувач на градежните работи за реконструкција на Домот на културата во скопската населба Драчево. За обнова на руинираниот простор е предвидено да се издвојат над 33,2 милиони денари од локалниот буџет. Според податоците од Бирото за јавни набавки, времетраењето на договорот за изведба на зафатот е 24 месеци. Тендерската постапка за реализација на овој проект беше започната во ноември 2016 година. Локалната самоуправа очекува дека новиот објект ќе им овозможи на жителите современ простор за културно дружење и забава.

 

 

Домот на културата во Драчево е изграден во далечната 1946 година, но во моментов се наоѓа во руинирана состојба. Со претстојниот зафат ќе се обезбедат простории во приземјето со површина од 690 метри квадратни и на катот со површина од 460 метри квадратни. Планирани се повеќенаменска сала и техничка просторија, гардероби, канцеларии за месна заедница, сала за венчавки, снек бар и други содржини.