Претходна статија
Отворен третиот Меѓународен саем за транспорт
Следна статија
Општина Центар со поддршка за велосипедскиот превоз

Авиокомпаниите не сакаат да летаат на релација Охрид – Лондон

Објавено на 28.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Не постои интерес кај авиокомпаниите за одржување на евтини летови помеѓу Охрид и некој од лондонските аеродроми. На објавениот јавен повик не се пријавила ниту една компанија за искористување на субвенциите од општина Охрид за воведување на евтини летови од аеродромот „Св. Апостол Павле“ до Лондон. Од локалната самоуправа не се откажуваат од овој проект и напоменуваат дека во наредниот период ќе распишат нов јавен повик за субвенционирање на оваа авионска линија.

 

Врската со британскиот главен град беше планирано да се одржува со два лета во текот на една недела, во периодот од 15 јули до 15 септември 2014 година, како и во текот на целата 2015 и 2016 година. Плановите на локалната самоуправа беа преку оваа директна линија со Лондон на охридскиот аеродром да пристигнуваат минимум 9.600 патници на годишно ниво или барем 800 патници во текот на една недела.