Претходна статија
ЕВН ветува инвестиции од над милијарда евра во дистрибутивната мрежа во наредните 20 години
Следна статија
Се продаваат две парцели за изградба на станбени згради во Аеродром

„Архитектоника“ ќе ја проектира новата зграда кај Геолошки завод

Објавено на 11.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Службата за општи и заеднички работи на македонската влада потпиша договор со бирото „Архитектоника“ од Скопје за изработка на идеен и ревидиран основен проект, проект за илуминација и менаџер план за предвидениот административен објект, кој треба да се гради на местото на постоечкиот објект на Геолошкиот завод во Скопје [»мапа]. Проектната документација треба да се заврши најдоцна до 8 октомври, а за извршените услуги на друштвото ќе му се исплатат 3.894.000 денари или над 60.000 евра. Во зданието на „Бихаќка“ ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод и АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката. Во согласност со урбанистичкиот план, објектот е предвидено да биде висок 25 метри и ќе се состои од административен, комерцијален и деловен простор со површина од 8.027 метри квадратни, распределен на приземје и шест ката.

 

Автор на идејното решение за овој објект е архитектот Жарко Чаушевски, кој веќе се има потпишано на неколку архитектонски труда од проектот „Скопје 2014“. По изготвувањето на целокупната проектна документација, владината служба треба да го распише тендерот за избор на градежна компанија за изградба на зградата кај Геолошкиот завод.