Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Внимание! Кејот на Вардар - градилиште или шеталиште?
Следна статија
Опозицијата и власта се препукуваат околу Законот за градење

Активно се работи на реконструкција на киното „Кисела Вода“

Објавено на 13.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мултимедијалниот центар во скопската населба Кисела Вода ќе ги отвори вратите за посетители на крајот од 2015 година. Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец денеска извршија увид на санационите активности што се вршат врз објектот на старото кино „Кисела Вода“, кое ќе биде дом на овој културен центар. „Сакам да изразам огромно задоволство од почитувањето на динамиката во однос на изградбата. Направено е и повеќе од она што е планирано досега. Завршени се првата и втората фаза, сега следува бетонирање и поставување челична конструкција“ рече Канческа – Милевска.

 

#

*извор на фотографии: Министерство за култура

 

 

Во Мултимедијалниот центар ќе има сала со 170 седишта, мултимедијален простор, библиотека и сала за читање која ќе биде сместена во приземјето. „Идејата беше што поскоро да се затвори објектот за да може во зимските услови градежните работи да се одвиваат внатре во објектот за да се стигне со реализација до крајот на 2015 година бидејќи тогаш Кисела Вода слави 60 години од постоењето на општината“ истакна градоначалничката Билјана Беличанец.

 

#

 

 

За реконструкција на објектот од општинскиот буџет и од буџетот на Министерството за култура се издвоени 41.681.730 денари (околу 677 илјади евра). Изведувач на градежните работи е фабриката „Карпош“ АД од Скопје. Проектната документација ја изготви Ј.П. за Просторни урбанистички планови од Прилеп.