АКН – ГИС порталот со 2Д и 3Д функционалности кои нудат графички приказ на конкретна парцела со основни податоци за недвижноста е новиот интернет – сервис што го воведе Агенцијата за катастар на недвижности за граѓаните и за компаниите.
Новата бесплатна услуга достапна на порталот на оваа институција им нуди на корисниците увид во ортофото и топографските карти во различни размери и години на снимање, можност за креирање на сопствена геометрија и размена на документи, можност за читање и преземање точки од геодетската мрежа за различни геодетски мерења, увид и пребарување по координати за која било локација во земјата.
Заинтересираните преку новиот сервис можат да ја видат конфигурацијата на теренот и да ја дознаат надморската височина на било која точка на локацијата.
Финансиските средства за изработка на овој проект се обезбедени од СИДА проектот и од средства на Агенцијата за катастар за недвижности. Македонија е една од ретки држави во регионот што ја нуди оваа услуга на граѓаните и на компаниите.
Бојан Блажевски