Претходна статија
Владата го купи седиштето на Комерцијална банка покрај Вардар, а банката се сели во „Сан Марко“
Следна статија
„Џеваир холдинг“ ќе го гради Сончев град

„Адора“ ќе инвестира 100 милиони долари во „Порта – Скопје“

Објавено на 27.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Со најава за изградба на огромен станбено – деловен комплекс во главниот град, градежната компанија „Адора инженеринг“ сношти свечено го прослави 10 – годишниот јубилеј од нејзиното основање. Ванчо Чифлиганец како генерален директор на компанијата одржа пригоден говор пред присутните јавни личности, во кој се осврна на развојот на „Адора инженеринг“ во текот на изминатата деценија, но и на актуелните проекти во кои тие инвестираат. Тој нагласи дека се планира изградба на голем станбено – деловен комплекс „Порта Скопје“ во вредност од 100 милиони долари, кој треба да се реализира на територијата на општина Центар. Покрај амбициозната најава на овој проект, „Адора инженеринг“ годинава купи уште пет локации за изградба на објекти за колективно домување кои во моментов се градат.

 

Компанијата во изминативе 10 години има реализирано десетици станбено – деловни зданија во Скопје, Струмица и во Охрид. Како симбол за нејзиниот динамичен развој, минатата година таа беше рангирана на 20-тата позиција на листата на 200 економски најуспешни компании и меѓу петте најбрзорастечки фирми во Македонија. „Адора инженеринг“ пред две недели ја доби и наградата за најдобро претпријатие од областа на градежништвото во Македонија за 2012 година, која и беше доделена на меѓународната манифестација „Најдобри претпријатија во Европа“ што се одржа во Виена.