Претходна статија
ХЕ „Света Петка“ започна со работа
Следна статија
Градежните раководители со позитивни оценки за работењето во второто тримесечје од 2012 година

„Адора Инженеринг“ го заврши станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид

Објавено на 02.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Станбен комплекс „Билјанини Извори“По повод националниот празник Илинден, компанијата „Адора инженеринг“ денеска го предаде во употреба станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид. Во присуство на генералниот директор Ванчо Чифлиганец и претставници на државните и локалните институции, беше претставен комплетираниот објект којшто се простира на површина од 10.000 метри квадратни. Зданието го сочинуваат 100-тина станбени единици со големина од 50 до 127 метри квадратни, а за идните жители се обезбедени 118 паркинг места на површина од 4.000 метри квадратни. Градежните работници успеаја комплексот да го завршат во временски период од 15 месеци.

 

Од компанијата информираат дека станбениот објект ги задоволува меѓународните критериуми за енергетска ефикасност, заштедувајќи им енергија и финансиски средства на идните станари. Воведен е фотоволтажен систем за производство на електрична енергија за заедничко осветлување, а исто така на зградата е изведена термичка демит фасада и надворешна столарија со која се овозможува максимално искористување на топлинската енергија во просторот. Армирано – бетонската конструкција ги задоволува строгите асеизмички стандарди за градба, со марка на бетон минимум МБ 30 и над МБ 40. Објектот за колективно домување е сместен на булеварот „Туристичка“, во близина на спортскиот центар Билјанини Извори и на Националниот парк Галичица. Станбениот комплекс „Билјанини Извори“ претставува една од најголемите инвестиции во секторот високоградба во Охрид во последните неколку години. Покрај во овој град, градежната компанија „Адора Инженеринг“ во моментов гради објекти во Скопје и во Струмица.