Претходна статија
Кај „Тобако 2“ во Аеродром ќе се гради нова зграда, жителите од околните згради се противат
Следна статија
Поништен тендерот за довршување на класицистичката палата на ЕЛЕМ

Распишани два тендера за обнова на скопските средни училишта

Објавено на 18.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Град Скопје денеска објави два тендери за обнова на образовните зданија на скопските средни училишта. Во објектите е проценето дека ќе се инвестираат над 87 милиони денари во реконструкција и изведба на енергетско ефикасни фасади, а планирана е и реконструкција на останати сегменти од училишните згради, фискултурните сали и спортски игралишта. Финансиските средства за подобрување на состојбата во која што се наоѓаат средните училишта се обезбедени со пренамена на средствата што претходно беа насочени кон „барокизација“ на фасадите од централното градско подрачје.

 

 

Со претстојниот зафат ќе се изведат енергетско ефикасни фасади во скопските средни училишта „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Димитар Влахов“, „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „Панче Караѓозов“, „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“, а планирана е и реконструкција на крововите во „Кочо Рацин“ и „Сарај“. Воедно, во 12 средни училишта од Скопје е зацртано да се санираат санитарните јазли, подовите, лабораториите, внатрешната столарија, осветлувањето и термотехничките инсталации. Заинтересираните градежни фирми имаат можност да ги поднесат своите понуди за учество во тендерската постапка најдоцна до 8 мај.