Претходна статија
Град Скопје сака да гради адреналинска жичница на Кале, онаа на Водно може да почека
Следна статија
„Струмица - гас“ годинава ќе гради нови 14 километри гасоводна мрежа

Во јануари за половина се намалил бројот на предвидени станови за градење

Објавено на 09.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По минатогодишниот остар пораст, првиот месец од 2018 година ни носи намалена бројка на предвидени станови за градење. Македонските општини во јануари издале одобренија за градење на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24.943 метри квадратни. Споредено со јануари 2017 година, бројката на предвидени станови за градење е намалена за 53,7%, додека нивната површина опаднала за 47,4%. Физичките лица започнале постапка за изведба на 168 станови со површина од 18.402 метри квадратни, додека деловните субјекти ќе ги градат останатите живеалишта.

 

 

Врз основа на издадените градежни дозволи, може да се увиди дека најголем интерес постои за изградба на двособни (68) и трисобни станови (52). На ниво на целата земја, скопскиот регион предничи со одобрени 75 станови што допрва ќе се градат. Скопската општина Кисела Вода во јануари 2018 година издала најмногу одобренија за градење, па така на нејзина територија ќе се подигнат вкупно 47 станови.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 година се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.412.194 илјади денари, што е за 54,1% помалку во однос на идентичниот период лани. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење експресен пат во Источниот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8%) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6%) за објекти од нискоградба и 37 (19,6%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 189 зданија, на 140 (74,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 (25,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk