Претходна статија
Половина милион евра за реновирање на театарот во Гевгелија
Следна статија
Доби купувач и втората парцела за хотел под „Кале“

Странски инвеститор го презема „Кожуф“

Објавено на 15.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Развоен концепт на центаротДенес на прес-конференција во Кавадарци беше соопштено дека интернационалната групација „M & G“ со седиште во Дубаи е новиот доминантен сопственик на ски-центарот „Кожуф“. Се најавуваат инвестиции во вредност од 200 милиони евра, а за реализација на проектот е ангажирана канадската компанија „Select Contracts“, чија главна дејност е дизајн, изградба и менаџирање на туристички центри. Не беше потврдено, но се шпекулира дека новите сопственици добиваат удел од 70%, а зад нивното доаѓање стои прилепскиот гастербајтер Блаже Пецевски.


Со активности беше најавено дека ќе се отпочне веднаш, пред се изработка на проектна документација за туристичката населба, сообраќајници, две нови жичарници, спортски терени, воден парк, пречистителна станица и други објекти. Почетокот на изградбата е предвиден за март 2011 и се најавува дека ќе бидат потребни четири години за заокружување на проектот и за „Кожуф“ да прерасне во голем скијачки центар. Визуелна презентација на новиот изглед на „Кожуф“ е најавена за околу еден месец.


Ски-центарот е базиран на 10-годишна студија за можностите на планината и регионот. Со скромни почетни капацитети беше пуштен во функција во 2007 година. Изминатите три години во него беа вложени близу 16 милиони евра. И покрај огромниот потенцијал, развојот беше бавен поради недостаток на поголеми финансии, како и одолговлекувањето на патното поврзување. Долгорочните планови се центарот да вработува 1.200 лица и да прерасне во место кое ќе нуди одмор и цела палета рекреативни содржини во сите четири годишни времиња.



Форумска дискусија за овој проект » овде