Претходна статија
Со консултант до подземни сообраќајници и Луна Парк
Следна статија
Лицитација на земјиште за хотел кај Кежовица

Ставена во функција новата катна гаража во Прилеп

Објавено на 14.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со пригодна свеченост, денес во Прилеп во пресрет на осмиот „Пиво Фест“ беше пуштена во употреба новата катна гаража во центарот на градот, во непосредна близина на автобуската станица. Објектот располага со 13.000 метри квадратни од кои 10.000 се гаражна површина, а 3.500 се деловен простор. Капацитетот на гаражата е 400 паркинг места. Камен темелник беше поставен во април 2008 година и првично се најавуваше поскромен капацитет и помалку деловен простор. Инвеститор е струмичката фирма „ДМ Оил“, која во објектот вложи 4,2 милони евра, додека изведувач на градежните работи беше прилепската фирма „Теракота“. Автори на проектот се Билјана Филиповски и Ненад Раѓеновиќ, кои на БИМАС 2008 за него ја добија наградата „Најдобар проект од областа на архитектурата“.


За еден месец се најавува почеток на изградба на уште еден трговско-деловен објект со катна гаража во центарот на Прилеп. Неговата површина ќе биде околу 15.000 метри квадратни, а вредноста на инвестицијата околу 6,5 милиони евра.



Форумска дискусија за овој проект » овде