Претходна статија
Подновени „флотите“ на приватните градски превозници
Следна статија
Поставен камен темелник за новиот Кривичен суд

Над 100 милиони евра за изградба и реконструкција на објекти од здравството

Објавено на 27.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Следната недела ќе се изберат изведувачи, а во текот на јуни е најавен почетокот на градежните работи од првата фаза на Проектот за изградба и реконструкција на објекти на јавните здравствени установи во Македонија. За таа цел со Банката за развој при Советот на Европа потпишан е договор за заем во износ од 23 милиони евра, исто колку што за оваа фаза ќе одвои и државата од буџетот. Кредитот има рок на враќање од 20 години, со 5 години грејс период и варијабилна каматна стапка која во моментов изнесува 1,2 проценти на годишно ниво.


Во правата фаза е опфатена изградба на нова зграда на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, како и реконструкција на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Чаир“, поликлиниките „Идадија“, „Букурешт“ и „Јане Сандански“, општите болници во Прилеп, Велес, Охрид, Струмица, Гостивар, Куманово, Кочани и во Крива Паланка, Психијатриската болница „Негорци“, Специјалната болница „Јасеново“, Клиничката болница во Тетово и објектот на Интерните клиники во Клиничкиот центар.


Целиот проект се состои од три фази. Вкупната вредност на инвестицијата ќе биде од 130 до 150 милиони евра, а за неопходните подготовки за втората и за третата фаза, од Фондот за инфраструктурни проекти на Европската комисија веќе е обезбеден грант во висина од два милиони евра. Банката за развој при Советот на Европа исто така ќе учествува и во финасирањето на втората и третата фаза.