На денешната седница на тендерската комисија, како најдобра понуда за предвидените градежни работи на Собранието на Република Македонија беше избрана онаа на „Бетон“. На тендерот учествуваа и „Гранит“, словенечки „Енергоплан“ и австриските „Алпине“ и „Штрабаг“. Ова беше трет тендер за овој проект. Иедјата за куполи на Собранието беше пласирана во 2006 година од страна на тогашниот негов претседател, Љубиша Георгиевски. После бројни перипетии и лавина негативни реакции, следуваа два пропаднати тендери на кои два пати се јавија истите три фирми: домашните „Бетон“ и „Гранит“ и хрватски „Конструктор“.
Проектот за Собранието меѓудругото опфаќа доградба и надградба на објектот, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата. Предвидени се три куполи – една голема централна и две помали странично. Тие треба да бидат изработени од стакло и метална конструкција. Со проектот ќе се обезбадат и дополнителни простории во објектот. Целиот зафат чини околу 10,5 милиони евра. Градежните работи треба да започнат во текот на 2010 година, а рокот за изведба е две години. Работите ќе се одвиваат во услови на непречено функционирање на законодавниот дом.
Форумска дискусија за овој проект –> овде