Овогодинешното издание на МОТ ќе се одржи во подновениот Младински културен центар. Денес сеуште се изведуваа градежни работи, но реконструкцијата која започна во февруари е на самиот крај. Обновен е покривот на објектот, каде што е изведен и нов магацин. Старите прозорци со голем енергетски губиток се заменети со нови високоефикасни, а на фасадата се применети алукобонд апликации. Покрај ова, обновени се и санитарните јазли и изведен е систем за затоплување и ладење во салата „Фросина“. Во наредниот период треба да следува тендер и за поопсежна реконструкција на ентериерот.
Идејното решение за новиот изглед на МКЦ е дело на проектантското биро „Билд“. Изведувачи на градежните работи се фирмите „Глобоцки“, „Бонор инженеринг“ и „Вентилтрејд интернационал“. Надзор врши „Egis International“. Финансиите за обнова на објектот стар четири децении во висина од 600 илјади евра се добиени од ИПА фондовите на ЕУ.
» Форумска дискусија за овој проект
Претходна состојба на објектот: